Во пукотница која се случила во бурекџилницата „Лажана“ во централното подрачје на Зеница утрово смртно настрадал 33-годишниот Џемал Махмиќ, некогашен кик-бокс првак на БиХ, Европа и Балканот. Полицијата трага по 21-годишниот Антон Палавар кој е осомничен за убиство на Махмиќ.
Момчето, осомничено за убиството, кое според наводите на медиумите е родено во 1998 година, веќе неколку години освојувало признанија и постигнувало високи резултати во ММА боречките вештини, како член на локалниот зенички клуб. Според досегашните појавувања во медиумите, зад него нема криминални дела. Во последните десетина години во три наврати на три различни локации е пукано во Махмиќ, при што најмалку едно лице било убиено, а две ранети. Мотивите за пукањето не се познати.
Махмиќ бил осуден поради пукање кое се случило на 22. септември во 2012 година во центарот на Зеница во кое настрадало недолжно 18-годишно момче, кое чекало градски превоз. Зад убиениот Махмиќ останале бремена спруга и едно дете.