Хуавеј ја зголеми продажбата на паметни телефони за 24,4 отсто

Пред неколку месеци постоеше можност кинеската компанија Хуавеј да се соочи со проблеми, бидејќи Гугл најави отстранување на Андроид мобилниот оперативен систем од нејзините уреди.

Хуавеј кон средината на годинава имаше проблеми поради санкциите воведени од страна на САД, но тоа не влијаело врз работењето на кинескиот гигант, што потврдуваат и неговите деловни резултати.

Имено, иако во САД повеќе не смее да испорачува паметни телефони и таблети, ниту да работи, Хуавеј сепак на глобално ниво бележи раст на продажбата на своите апарати.

Извршени се дури 26 отсто повеќе испораки отколку во истиот период претходната година, што значи дека Хуавеј може да биде повеќе од задоволен. Конкретно, станува збор за 185 милиони испорачани паметни телефони.

Исто така, на ниво на целата кмпанија, во текот на првите девет месеци, остварени се приходи од 86,01 милијарди американски долари. Тоа претставува раст од 24,4 проценти во однос на 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави