Ние веруваме во нашите граѓани, веруваме во секој наш граѓанин, порача вечерва од граѓанската трибина „На прав пат” во Тетово, потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска.
– Остануваме да се бориме за иднината на нашата држава, за нашите граѓани. Затоа и реализиравме серија на мерки, градиме еднаква држава којашто се грижи за секој нејзин граѓанин. Нашиот фокус се граѓаните и подобар живот за сите. Ние веруваме во секој граѓанин, веруваме во секој од вас и во оние и кои не се присутни во салава, порача потпретседателката Царовска.