На 21.10.2019 околу 18.00 часот на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Дебар, патничко возило „мерцедес“, со англиски регистарски ознаки, управувано од Ф.Х.(32) од селото Боровјан, Република Албанија, удрил во малолетничка по што избегал од местото.
Малолетничката била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување лекарска помош. Полициската станица од Дебар презема мерки за расчистување на случајот.