Лидерите на најголемите политички групи во Европскиот Парламент едногласно ја осудија одлуката за одложување на преговорите со Северна Македонија и Албанија.
„На Балканот владее нестабилност, а ние можевме да внесеме доза стабилност, бидејќи тоа е наша одговорност“, предупреди лидерот на групата на Европската народна партија во „ЕП“, Мафред Вебер.
Тој за време на дебатата во Европскиот парламент оцени дека Албанија и Северна Македонија не ја добија перспективата што ја залужуваат.
„Баравме многу од овие земји, а сега вратата им е затворена пред носот. Го губиме кредибилитетот и тоа сериозно“, порача Вебер.
Тој укажа на фактот дека сите лидери кои доаѓаат од конзервативните Европски народни партии, на самитот во Брисел дадоа поддршка за проширувањето, а францускиот претседател, Емануел Макрон и холандскиот премиер, Марк Руте, кои припаѓаат на либералната опција, биле „сами против сите“.