Владата ги утврди законските измени за зголемување на минималната плата

Владата денеска во рамки на 160. седница го утврди Предлог  Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија.

Со измените се создаваат услови за корекција на минималната плата за 16 отсто, односно од 12.507 денари на 14.500 денари во нето износ со исплатата на платата за декември 2019 година, што претставува зголемување за речиси 60 отсто во однос на минималната плата пред првата корекција во 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави