Две лица загинаа, а две се водат како исчезнати во невремето што ја зафати северна Италија и предизвика поплави. Првата жртва е таксист чие возило го однела надојдената вода откако река се излила од своето корито во провинцијата Алесандрија. Во возилото имало уште едно лице, но тоа преживеало. Втората жртва е 81-годишен пензионер, кој починал откако неговото возило се излизгало од автопат во близина на Торино. Неговата сопруга која била сопатник во автомобилот е повредена.
Две стари лица се пријавени како исчезнати во Морнеза, објави агенцијата „Анса“.
Невремето го наруши сообраќајот, причинета е тешка материјална штета, а многу училишта се затворени.