Македонската пејачка Елена Ристеска ја прими наградата „Дама на годината – регион“, за настан посветен на жените во Врњачка Бања во Србија.
– 33-годишната музичка ѕвезда сподели фотографии на социјалните мрежи и напиша: „Благодарам за наградата ‘Дама на годината’ за регионот – за работа, придонес и креативност. Иако повеќе ми значеа коментарите на луѓето за мојата работа и глас, чест ми беше вечерва да бидам помеѓу сите овие успешни и хумани дами. После 17 години во музиката и пред прагот на еден сосема нов бизнис – основање на мој бренд за козметика, наградата ќе ја сметам за поттик за уште поголема борбеност во овој ‘машки’ свет, како самостојна и независна жена.“
https://www.instagram.com/p/B30Y2npJPGe/