Касапи: Не се само интеграциите во НАТО и ЕУ прав пат , туку и градењето на едно општество за сите граѓани за кое се залага СДСМ

Голема чест ми е што СДСМ предводена од претседатело Зоран Заев ја формираше комисијата за еднакво општество за сите и токму јас што ја предводам таа комисија, која за прв пат се формираше во нашата држава.-истакна пратеничката Ѓулумсер Касапи која е и претседателка на Комисијата за едно општество, на граѓанската трибина организирана од СДСМ „На прав пат” во Тетово.

Таа посочи дека тоа е потврда дека сме на прав пат како општество кое се гради како еднаква држава за сите граѓани.

-Затоа ќе кажам, не само интеграциите во НАТО и ЕУ прав пат, туку и градењето на едно општество за сите.

Во изминатите 2 години СДСМ со конкретни работи покажа дека вистински се залага за подобар живот, подеднакво за сите наши граѓани. Заедништвото помеѓу граѓаните е многу важно и ние го негуваме затоа што искрено веруваме. Не сакаат граѓаните поделби. Затоа ќе продолжиме по правиот пат-заврши Касапи.

Треба да знаете
Последни објави