Генерален секретаријат на Владата на денешната седница информираше за уште една успешна и целосно завршена постапка за отстранување опасни и експлозивни ствари по животната средина и по безбедноста на граѓаните.
„Генералниот секретаријат, постапувајќи по заклучок на Владата, врз основа на договорот со единствениот понудувач Тrayal корпорација АД „Крушевац“ – Република Србија, конечно ја отстрани надвор од границите на државата големата количина опасни и експлозивни ствари што претходно беа во сопственост на АД „Теас-Темко“ на имотот на АД „Макпетрол“ во Скопје“, соопшти Владата.