Стоилковски: Заев мора да објасни колку од семејните фирми добивале државна помош и колку тендери добиле

Во време додека Зоран Заев е премиер, фирмите на семејството Заеви енормно се шират, обвинува Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Фирмите на Заев го купија струмичкиот гигант Герас Цунев по цена на една гарсоњера, за 40.000 евра добиваат проекти за градби на станбени комплекси вредни 10-тици пати повеќе, Заеви добија лиценци за одгледување на марихуана. И тоа не е се. Сега се турка закон со кој што најголема заработка ќе има нарко- бизнисот, плантажите на Заеви за марихуана. Предлогот е пратен во Собрание и наскоро се очекува да се дискутира по него. Вакви примери има многу. Бизнис во Струмица велат  не е можен, а можеби и во цела Македонија, ако фирмите на Заеви во тоа немаат интерес. Почитувани компаниите на Заеви, триесетина на број, прават годишен обрт од 56 милиони евра. И тоа во време кога Заев е премиер! Заев е должен да објасни колкава е разликата во обртот на бизнисите, обртот на пари сега и пред да стане премиер? Колкукратно е зголемен обртот на пари?, вели Стоилковски.

https://youtu.be/gAM1TpSZVGg?t=1

Според него, Заев мора да објасни колку од семејните фирми, но и фирмите кои соработуваат со нив, добивале државна помош и колку изнесува таа помош, колку тендери добиле и на колку тендери учествувале фирмите соработнички на заевите компании.

-Зоран Заев со триесетина семејни компании е пример за можна корупција, за политичко влијание, за моќ во бизнис релациите. 60-тината милиони евра обрт се 60-тина милиони причини за корупција и за насочување на државните економски текови. Се додека на јавна функција се политичари кои се сопственици, или влијателни акционери на компании, има можност за корупција. Македонија ја тресат скандали поврзани со корупција и злоупотреба на моќта, поврзани и со политичкото делување на Зоран Заев, почнувајќи од струмички Глобал, до транспорт, градби, ископи, позајмици, до полињата со марихуана, сите поврани со фирмите на Заеви. Сите политичари кои вршат јавни функции, мора суштински да се оттргнат од компаниите каде се или биле дел, во спротивно отвораат оправдана перцепција за корупција и насочување на државната економија кон лични цели. Формалното бришење од сопственост, или формалното замрзнување на своето делување во компанија на политичари кои истовремено се и јавни јавни функционери, како Заев, отвора реална можност за злоупотреба на позицијата на моќ, вели Стоилковски.

 

 

 

 

Ви благодарам на вниманието

 

 

Треба да знаете
Последни објави