Тестовите со Грузија во СЦ „Борис Трајковски“ со ширум отворени врати за љубителите на ракометот

Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија отпатува за Турција, каде ќе одигра две пријателски средби, против соодветниот состав на домаќинот и со Италија, во рамките на ЕХФ неделата. Овие две контроли нема да бидат единствените за избраниците на селекторот Данило Брестовац во ЕХФ неделата, бидејќи по враќањето од Турција ќе имаат уште два теста пред своите гледачи и тоа против Грузија, во Скопје.

Натпреварите со Грузија македонската селекција во комплетен состав, бидејќи ќе и се приклучат и искусните интеранционалци кои не отпатуваа за Турција, ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“, в петок од 20:00 часот и в сабота од 16:00 часот. Влезот за двата контролни натпревари ќе биде слободен за сите љубители на ракометот.

Треба да знаете
Последни објави