Во своето обраќање пред присутните на граѓанската трибина „На прав пат” во Тетово, Венко Филипче, претседателот на Комсијата за здравство се осврна на реформите во здравствениот систем, нагласувајќи дека во последните две години, покачена е платата за 10% на медицинските сестри и 15% на докторите специјалисти.
– Инвестираме и во младите лекари, за да го зајакнеме кадарот во здравството, но и нашите млади доктори да останат во јавното здравство и да работат дома, истакна Филипче додавајќи дека еднаш по завршувањето на образованието тие имаат отворени врати во здравствените установи.
Воведовме три нови инсулини и набавивме дополнителни 10 инсулински пумпи. Дијабетичарите имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет. Ја сузбивме епидемијата предизвикана од невакцинирање на децата за само 6 месеци, не можеме да дозволиме деца да ни умираат, од болест која може да се спречи со вакцина и затоа инсистиравме на почитување на законите, рече Филипче.
Тој истакна дека е започната е постапката за изградба на нов Клинички центар во Скопје кој е најголемата инвестиција во здравството и кој ќе пружа интегрирани здравствени услуги.