Хрват го урна светскиот рекорд во нуркање на здив заради својата аутистична ќерка

Хрватот Будимир Шобат – Буда го урна сопствениот светски рекорд во нуркање на здив и под вода остана 24 минути и 11 секунди.

Сепак, уривањето на Гинесовиот рекорд е само спореден мотив, бидејќи, според него, со оваа акција сакал да предупреди на пречките со кои секојдневно се соочуваат  децата со аутизам, јави Дневник.хр.

– Горд сум, направив нешто што никој во светот не го сторил, поради што децата со аутизам ќе добијат повеќе внимание, оцени Шобат.

– Татко сум на аутистично девојче со име Саша и многу добро знам што е аутизам. Пред околу шест месеци, по едно медицинско истражување, дојдов на идеја за недишење над 24:03 минути. За мене ова не е само спортски мотив, туку и желба да привлечеме што поголем број луѓе. Ова го правам за сите деца со аутизам. Ќе дадам се од себе за што подобар резултат, изјави Шобат непосредно пред подвигот.

Минатата година тој го урна светскиот рекорд во Сплит, задржувајќи го здивот 21:03 минути. Спортот со кој се занимава е опасен по живот, но тој е свесен за тоа.

– Пред крај почнувам да се штипам. Кога ќе почувствувам дека веќе не ме боли, значи дека сум близу несвестица и тогаш е последен момент да излезам од под вода, појасни Шобат.

Треба да знаете
Последни објави