Ливерпул решен да ја прекине серијата порази на гостински терен

Денеска со осумте средби од Е до Х групата ќе се комплетира 3. коло од елитното клупско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите. Актуелниот европски првак Ливерпул несмее да си дозволи луксуз да остане без бодови и да си го доведе во прашање натамошниот палсман во нокаут-фазата.

Ливерпул гостува кај Генк во Белгија со надеж дека ќе ја прекине лошата серија. Ливерпул има четири порази по ред на гостувања во групната фаза од Лигата на шампиони. Минатата сезона Ливерпул ги загубија сите три гостински меча и среќно се пласираа во нокаут фазата, а потоа стигнаа и до трофејот.

-Минатата сезона имавме среќа. Бевме во многу тешка група, ги загубивме сите три меча на гости. Тоа не смее да си го дозволиме и оваа сезона. Ние не играме ништо поразлично од тоа што играме на „Енфилд роуд“, но секако пред нашите навивачи европските мечеви се посебни. Мора да почнеме да победуваме на гости, вели Јирген Клоп,тренерот на Ливерпул.

Барселона ќе гостува кај Славија во Прага како фаворит. тренерот на Чешкиот тим, Јинжих Трпишовски, пред соочувањето со фаворизираната Барселона, рече дека индивидуалниот квалитет на поединци како Меси или Суарес ја прават предноста на каталонците.

-Го гледав мечот со Еибар кој го одлучи индивидуалниот квалитет. Еибар беше подобар 15 минути, но беше казнет. Против Барселона мора да се користат шансите. Ова е спорт, се игра 11 против 11, мора да бидеме оптимисти. Минатиот пат кога Барселона гостуваше во Прага во 2011 година против Викторија Плзен, јас не бев ниту на стадион, гледав на телевизија, а Меси даде три гола. Тој е фудбалски гениј. На моите играчи им реков дека тој што ќе го запре Меси, ќе стане бессмртен – изјави Трпишовски.

Интересни пресметки ќе има и меѓу водечкиот во групата Е Наоли кој ќе му гостува на Салцбург, како и на Борусија Дортмунд со италјанскиот Интер во групата Ф. „Милионерите се ко-лидери, а Интер заостанува три бода и мора да ја искористи предноста на домашниот терен.

Двојки и табели:

Е група: Салцбург – Наполи (21 ч.), Генк – Ливерпул (21 ч.)

Табела: Наполи 4 бода, Салбург 3, Ливерпул 3, Генк 1.

Ф група: Славија Прага – барселона (21 ч.), Интер – Борусија Дортмунд (21 ч.)

Табела: Борусија Дортмунд 4 бода, барселона 4, Интер 1, Славија Прага 1.

Г група: Лајпциг – Зенит (18,55 ч.), Бенфика – Лион (21 ч.)

Табела: Зенит 4 бода, Лион 4, Лајпциг 3, Бенфика 0.

Х група: Ајакс – Челзи (18.55 ч.), ЛОСЦ – Валеснија (21 ч.).

Табела: Ајакс 6 бода, Челси 3, Валенсија 3, ЛОСЦ 0.

Треба да знаете
Последни објави