На почетокот на ноември се очекува да биде готова променетата физибилити-студија за изградба на браната Чебрен, по што ќе биде распишан тендерот за избор на концесионер.
– Ако во почетокот на ноември ја добиеме документацијата, веднаш ќе ги објавиме постапките за да може во процедура како што е пропишана во закон, да избереме изведувач, изјави денеска премиерот Зоран Заев, додавајќи дека има интерес кај големи компании од Европа и светот.
Инвестицијата е меѓу 600 и 800 милиони евра и, според премиерот Заев, проектот ќе има регионален импакт.
– Наша задача е пролетта 2020 година да почне градбата на пристапен пат односно да почнат почетните работи околу браната, рече Заев, додавајќи дека проектот за Галиште не е исплатлив.