Во неговата резиденција, јапонскиот император Нарухито организира чајнка за кралските семејства од други земји, сакајќи да им се заблагодари за присуството на неговото устоличување.
Нарухито и неговата сопруга Масако ги пречекуваа кралските гости со прегратка или ракување додека тие пристигнуваа на чајанката во резиденцијата во Акасака, Токио, пренесе агенцијата АП.
Меѓу гостите биле шведскиот крал Карл XVI Густав, Големиот војвода од Луксембург Анри, кралот на Малезија Султан Абдула Ахмад Шах, кралот на Брунеи Хасанал Болкиа, принцот Алберт Втори од Монако, холандскиот крал Вилхелм-Александар и данскиот престолонаследник Фредерик со нивните сопуги.
На чајнката се придружиле и другите членови на јапонското царско семејство, меѓу кои и таткото на Нарухито кој абдицираше, Акихито и неговата сопруга, поранешната царица Мичико, соопштија официјални лица од палатата.
Тие не присуствуваа на вчерашната церемонија на устоличување и со тоа дадоа јасна порака за нивното пензионирање, соопшти агенцијата.
Ритуалите во чест на устоличувањето на Нарухито сè уште не се завршени.
Парадата, првично закажана за вчера попладне, е одложена за следниот месец заради смртоносниот тајфун што ја погоди централна и северна Јапонија.
Кон средината на ноември, Нарухито ќе изведе и верски ритуал поврзан со жетвата.