Реакција на СДСМ на обраќањето на Христијан Мицкоски.
„ВМРО-ДПМНЕ е партијата која не само што продава лажен патриотизам, таа гласно навиваше против интеграцијата на земјава во НАТО и ЕУ, против напредокот и против реформите.
Деценијата на владеење на ВМРО-ДПМНЕ е најцрната деценија на нашата држава.
Стагнација, изолација,затвореност,неизвесност,скарани со сите соседи, тоа ја одбележа деценијата на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Поделба на граѓаните и поделба на медиумите,без право на глас, без независно новинарство.
Кодот на ВМРО-ДПМНЕ за кој зборува Мицковски е код на обнова на режимот.
Лажната загриженост за државата и граѓаните веќе не им проаѓа на ВМРО-ДПМНЕ. Имаа време од една деценија нешто да направат. Но, за државата и за граѓаните не направија ништо.
Единствено за што се грижат е како да се обнови режимот со кој ќе продолжат по патот на заштита на криминалот и криминалците.
ВМРО-ДПМНЕ се партијата без визија, без конкретна програма и цел, и затоа ги очекува вистински дебакл на предвремените парламентарни избори. На 12-ти април граѓаните ќе гласаат за напредок, за развој, за интеграција, ќе потврдат дека државата е на прав пат!