Министерството за надворешни работи во моментов нема информации за објавите во британските медиуми поврзани со смртта на 39 лица во камион, за кои се тврди дека дошле од Бугарија во Велика Британија, соопшти бугарското Министерството за надворешни работи.
„Нашата амбасада во Лондон е во контакт со локалните власти и го разгледува случајот“, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија, пренесе бугарската агенција „Фокус“.