Противпожарната служба на Грција го стави под контрола пожарот, што кусо по полноќ изби во местото Порто Рафти, во источниот дел на областа Атика, а според локалните медиуми превентивно беа евакуирани дел од жителите, jави дописничката на МИА од Атина.
Пожарот изби во близина на куќи и згради, а силниот ветер дополнително го отежнуваше справувањето со огнените јазици.
Во гаснењето на пожарот што траеше над три часа, учествуваа 80 пожарникари со 31 возило, две пешадиски единици, како и доброволци со противпожарни возила.