Катица Јанева не се откажува од намерата да ја напушти Шутка. Нејзините адвокати потврдија дека подготвуваат нова жалба до Апелацискиот суд, откако Кривичен ѝ ја одби молбата ќелијата да ја замени со поблага мерка. Сега судии од повисокиот суд ќе ја разгледуваат гаранцијата која ја нуди поранешната шефица на СЈО- три стана во залог дека нема да бега, објави „Алсат-М“.
Основниот кривичен суд Скопје вчера ги одби како неосновани барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и на Бојан Јовановски – Боки 13, осомничени во случајот „Рекет“.
Катица Јанева е зад решетки точно два месеца и два дена. Од ова време, четири дена помина во приватната болница „Жан Митрев“ поради здравствени проблеми. Таа е второобвинета во „Рекет“ за злоупотреба на службената положба.