Денеска попладне во Амстердам дошло до пукање од огнено оружје, при што загинал еден Црногорец, а друг е повреден.
Според регионалните медиуми, ранет е Јован Џуровиќ, брат на Лука Џуровиќ, кој некогаш беше еден од водачите на најмоќниот црногорски криминален клан, пренесува хрватски „Индекс“.
Во пукањето загинал Горан Савиќ, пријател на Џуровиќ, кој кога ги видел вооружените напаѓачи, скокнал пред него за со своето тело да го заштити од куршумите.
Холандските медиуми објавија дека пукањето се случило околу 15:45 часот во италијански ресторан.
Двајцата напаѓачи отвориле оган кон Џуровиќ во ресторан во сопственост на Савиќ.