Косовската полиција објави дека денеска уапсила лице од српска националност, осомничено за воени злосторства врз цивилното население во војната од 1998-1999 година во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во полициското соопштение се наведува дека апсењето е извршено во една од приштинските населби и дека уапсениот, идентификуван со иницијали Н. А., се сомничи за дело извршено на 21 мај 1999 година во истиот град.
Апсењето е извршено по налог на Специјалното обвинителство на Косово, кое поднесе барање за одредување мерка притвор за осомничениот.