Денеска (14:30 ч.) прекуредно се игра 11. коло од прволигашката фудбалска конкуренција во Македонија. Дерби средбата ќе биде во Струмица, каде Академија Пандев ја пречекува Макеоднија ЃП. „Академците“ се на делба на првата позиција со Вардар, а гостинот од Ѓорче Петров ја предводи групата која ја брка водечката двојка. Пресметката од првиот натпреаврувачки круг мешу овие две екипи заврши без голови.
Интересно ќе биде и на локалното дерби во скопје, каде Шкупи ќе го пречека неочекувано оследнопалсираниот Работнички. „Романтичарите“ направија шок-терапија со ромена на тренерската клупа, па на жешкиот трен во Чаир деби ќе има Марјанчо Андрески.
Лидерот Вардар го дочекува Борец како фаворит. Стратегот на „црвено-црните“ Александар Васоски одново нема да може да смета на повредениот Жунињо, додека Владица Брдаровски и покрај повредата во Ѓорче Петров во минатото коло ќе стисне заби и ќе се најде во составот. Добра вест за Вардар е тоа што Новак се враќа во стартната постава.
Двојки за денеска: Шкендија – Силекс, АкадемијаПандев – Македонија ЃП, Шкупи – Работнички, Вардар – Борец, Струга ТЛ – Ренова.
ТАБЕЛА: Вардар 21 бод, Академија Пандев 21, Македонија ЃП 16, Шкупи 13, Ренова 13, Силекс 12, Шкендија 11, Струга ТЛ 11, Борец 11, Работнички 10.