На претстојните предвремени парламентарни избори, Зоран Заев повторно ќе се трка за премерското место.
-Јас ќе ја водам кампањата, јас ќе бидам кандидат за премиер, но за тоа ќе треба да одлучат органите на партијата и коалицијата. Јас сум радосен што ќе и се посветам на партијата. Ќе се посветам за да се понудам уште еднаш на граѓаните. Јас барам нов, чист, цел мандат за да продолжиме. Сега топката е кај граѓаните и тие ќе ја дадат насоката по која треба да се движиме. СДСМ ќе излезе со модернизарен тим и модернизирана програма, рече Заев.
На прашањето дали Оливер Спасовски ќе биде новиот технички премир, Заев рече дека на ова ќе може да одговори на крајот од декември.
– Јас би го повлекол Оливер Спасовски во партијата заедно со генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски за да ја истрчаме кампањата. Спасовски бил секретар и има искуство, но истовремено треба да внимаваме и на државните работи за првите тимови на одговорност, рече Заев.
Посочи дека немаат ниту причина, ниту право, ниту обврска брзо да одлучуваат.
-Крајот на декември ќе ја донесеме одлуката на координација во СДСМ, а потоа и со партнерите од коалицијата, кој ќе биде технички премиер, кој ќе биде дополнителни заменици министри во внатрешни и труд и социјална политика, а опозицијата ќе си одлучи за своите места, истакна Заев одговарајќи на новинарско прашање по официјалното означување на почетокот на изградба на фабриката на германската компанија „Герешајмер”.
Toj го потврди ставот на поранешниот грчки вицепремиер Евангелос Венизелос дека реализацијата на Преспанскиот договор е врзано со интеграцијата на Македонија во ЕУ и дека внатрешната употреба на името, односно „Ерга Омнес“, зависи од тоа дали земјата ќе започне преговори со ЕУ.