Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром, го совлада Борац Чачак со 76:69, и сега „штрковите” се осамени на првото место на табелата во регионалната втора АБА-лига.
МЗТ и Борац беа непоразени по три кола, па сега со победата во СЦ „Јане Сандански” против директниот конкурент, „металците” сами го држат врвот. По четвртини, резултатот беше 18:11, 20:28, 19:22 и 19:8, што покажува дека одбраната во последните десет минути беше клуч на победата. При 69-67, МЗТ направи серија од 5:0 и се одлепи на покомотни 74:67, што беше доволно за четврта победа во четвртиот настап во АБА 2 сезонава.
Дамјан Стојановски со 16, Џабари Хиндс со 15 и Нуни Омот со 14 поени, беше триото најефикасни поединци, а Бојан Крстевски имаше дабл-дабл од 11 поени и 12 скока.
МЗТ имаше 21 загубена топка, но доминираше во скокот. Во следното коло МЗТ ќе има нов тежок меч, со Сутјеска на гости.