Милионски суми потрошени за луксузна облека од Луј Витон, Версаче, Гучи, Шанел и Прада но и уметнички слики од Лазар Личеноски, Вангел Ковошач и Мерсад Бербер. Ова е само дел од наведеното во обвинението за случајот Рекет до кое дојде Канал 5, а според кое обвинетиот Боки 13 ги потрошил парите.
Напишано на три страни, во него обвинителството наведува како Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец ги договарале средбите со Орце Камчев, како екс шефицата на СЈО Катица Јанева го прифатила влијанието од Јовановски и ги земале парите. Вo обвинението се потврдува и она што веке беше јавно објавено – дека Јовановски и Кичеец го посетувале Камчев во неговиот дом за да го убедат во влијанието што го имал Јовановски врз Катица Јанева. Oбвинителството притоа наведува дека обвинетата екс обвинителка Kатица Јанева ги пречекорила своите службени овластуивања, со издавање на доверливи податоци од истрагата за Империја, и притоа неведувајќи дека обвинителката во Империја Стефанова ќе работи по нејзин налог. Боки и Кичеец, стои во обвинението, од Камчев ги побарале 8-те милиони евра во замена за негово ослободување од притвор, а ако СЈО со одлука на Врховен не го застапува тој предмет, Јанева ќе му даде својство на заштитен сведок или ја запре постапката против него.