Претседателот на Русија, Владимирт Путин денеска во Сочи го отвори дводневен Самит Русија – Африка.
На првиот Самит Русија – Африка присуствуваат 43 лидери од вкупно 54 африкански држави, додека другите земји се претставени од високи претставници.
Путин на денешниот состанок наведе дека вредноста на руската годишна трговска размена со африканските земји е двојно зголемена во изминатите пет години и изнесува над 20 милијарди годишно.
Тој додаде дека „тоа очигледно не е доволно”, потенцирајќи оти од вкупната трговска размена со Африка околу 40 проценти е со Египет.