Играчот од средниот ред на Реал, Иско има намера да го напушти клубот во зимскиот преоден рок. Дваесет и седумгодишниот Шпанец реши да го напушти мадридскиот клуб по средбата со селекторот Зинедин Зидан, пренесува „АС”.
Сепак, Иско би го сменил Реал само со клуб од првенството на Англија. Претходно, интерес за играчот објавија Арсенал и Манчестер јунајтед.
Во тековната сезона, Иско играше за Реал Мадрид на четири натпревари, на кои немаше забележителен ефект.
Неговиот договор со клубот на Мадрид важи до 2022 година.
Порталот трансфермаркт ја проценува цената на фудбалерот на 60 милиони евра.