Лувр одбележува 500 години од смртта на Леонардо Да Винчи

Парискиот музеј Лувр денеска ќе отвори изложба посветена на 500-годишнината од смртта на познатиот сликар Леонардо Да Винчи. На изложбата ќе има дела на Да Винчи од трезорот на Лувр, но и од колекциите на други институции низ светот, и ќе бидат опфатени околу 160 негови слики.

Меѓу сликите кои ќе се најдат на изложбата се ремек-делата на Да Винчи, десетици студии и научни нацрти, како и слики на други уметници од опкружувањето на Да Винчи.

Посетителите ќе можат да уживаат и во виртуелниот дел од изложбата посветена на приказната за „Мона Лиза”, можеби најпознатото дело на Да Винчи кое се наоѓа во постојана поставка на парискиот музеј.

Изложбата ќе трае до 24 февруари следната година, а Лувр соопшти дека до понеделникот биле продадени 220.000 влезници.

Треба да знаете
Последни објави