Британскиот боксер во тешка категорија, Ентони Џошуа, на борбата со Енди Руиз ќе носи револуционерен штитник за заби, што ќе ги брои ударите во глава.
Боксот во последните месеци го потресоа четири смртни случаи. Професорот Мајк Лузмор, кој е лекар во Британскиот боксерски сојуз, инсистира на развивање на технологија во спортот кој го нарекуваат „благородна вештина”, за да се спречи продолжување на трагедиите.
– Сакам Џошуа да носи ваков штитник. Изумот го чекавме со години, верувам дека ќе ни помогне. Важно е да се види влијанието на боксот врз главите на боксерите. Некогаш ќе може да се откаже меч, да се одмори боксерот, ќе спречуваме смрт. Ентони уште нема кажано дали сака да носи таков штитник, се надевам дека ќе прифати, наведе докторот на Џошуа.