Голф се заби во метален столб, двајца повредени

На 23.10.2019 во 20.20 часот на крстосница од булеварот „Словенија“ и улицата „Качанички Пат“ во Скопје, С.С.(22) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, удрил во метален столб. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Д.(24), а со телесни повреди се здобил возачот и биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави