На 23.10.2019 во 18.50 часот на улица „Доне Божинов“ во Куманово Р.З.(55) од Куманово, управувајќи мопед „Шенке“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Џ.З. и биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.