Лига Европа: Манчестер јунајтед се провлече против Партизан

Со голот на Антони Марсијал од пенал, Манчестер јунајтед славеше на гостувањето кај Партизан со 1:0 во контроверзен натпревар од фудбалската Лига Европа.

Во второто полувреме за домашните не беше досуден чист пенал, но во групите од Лига Европа нема ВАР технологијата.

Победа извојува и другиот англиски претставник, Вулверхемптон, кој со пресврт во Братислава освои три бода. Рома во финишот испушто победа над Борусија Менхенгладбах.

РЕЗУЛТАТИ, ЛИГА ЕВРОПА, 3. КОЛО:

Група А: Карабах – АПОЕЛ 2:2.

Група Г: Јанг бојс – Феенорд 2:0, Порто – Ренџерс 1:1.

Група Х: Лудогорец – Еспањол 0:1, ЦСКА Москва – Ференцварош 0:1.

Група И: Гент – Волфсбург 2:2, Сент Етјен – Олександрија 1:1.

Група Ј: Рома – Борусија Менхенгладбах 1:1, Башакшехир – Волфсбергер 1:0. јз

Група К: Бешикташ – Брага 1:2, Слован Братислава – Вулверхемптон 1:2.

Група Л: Партизан – Манчестер јунајтед 0:1, АЗ Алкмар – Астана 6:0.

Треба да знаете
Последни објави