Двајца навивачи на Ливерпул го промашија местото на одигрување на натпреварот од Лигата на шампионите на нивниот омилен тим и домашниот белгиски Генк. Англичаните пристигнале во Белгија и наместо во Генк, отпатувале во Гент и го пропуштија фудбалскиот натпревар.На половина час пред почетокот на дуелот во ЛШ, сфатиле дека го промашиле градот и наместо во Генк, допатувале во Гент.
Покрај купените влезници за дуелот меѓу Генк и Ливерпул, што се играше синоќа и заврши со победа на „црвените“ со 4:1, англиските навивачи платиле и карта за воз во износ од 150 евра, но веќе било доцна да стигнат навреме за натпреварот.
Гент на заскитаните навивачи откако ја дозна приказната преку „Твитер“ им понуди влезници за мечот што ќе се игра вечерва на „Геламко арена“ во рамките од 3. коло во Лига Европа со германскиот Волфсбург.