Пиромани запалиле автомобили на штипското семејство Тушеви блиско до СДСМ

Изутринава околу 5 часот запалени се автомобилите на синот и таткото Никола и Мите Тушеви. Како што обајви порталот Исток Прес, инцидентот се случил во населба „Сењак 3“ на улица „Борис Крајгер“, каде возилата биле опожарени така што пироманите прво ги скршиле стаклата од возилата, а потоа во нив фрлиле молотови коктели.

Возилата на Никола и Мите не биле паркирани едно до друго туку на спротивни страни, поради што пироманите морале да употребат два молотови коктели. Во инцидентот било опожарено и трето возило кое се наоѓало веднаш до возилото на Мите Тушев. Штипската полиција се уште е на лице место и го истражува инцидентот.

Никола Тушев до неодамна беше претседател на Општинската организација на СДСМ, неговата сестра Маринела е поранешна пратеничка, а денес работи во кабинетот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, неговиот зет Бојан Маричиќ е дел од кабинетот на премиерот Заев, а Мите Тушев е долгогодишен активист на СДСМ во Штип.

Треба да знаете
Последни објави