Руско-српска заедничка воена вежба „Словенски Штит”

Во Србија денеска почна заедничката тактичка вежба со Русија „Словенски штит 2019″. Во воената вежба, која почна денес на аеродромот во Батајница и на воениот полигон Пасуљански Ливади, близу Чуприја, учествуваат единици на Воздухопловната и воздушната одбрана на српската Војска со свои ракетни системи и Воздухопловните сили на Руската Федерација.

Вооружените сили на Русија во Србија донесоа дивизион на ракетниот систем С-400 и батерија на системот Панцир, што е првпат овие најсовремени системи да учествуваат во воена вежба во странство, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Целта на вежбата е едукација на заедничката групација на српските против-воздушни сили и Воздухопловните сили на Руската Федерација во противвоздушната одбрана на територија и силите на војската против извидување и дејствување на непријателот во воздушниот простор, како и обука за командување на единиците за подготовка и извршување на операцијата за воздушна одбрана.

Треба да знаете
Последни објави