Двајца велосипедисти и двајца сопатници во патничко моторно возило биле тешко повредени во четири од вкупно 17 сообраќајни незгоди случени во текот на изминатите два дена. Во шест сообраќајки со полесни повредни се здобиле шест лица, а во седум била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека во овие два дена сообраќајната полиција санкционирала 56 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила девет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 34 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и еден почетник, како и 28 нерегистрирани возила.
Санкционирани биле и 11 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, три лица за не носење заштитен шлем, двајца возачи за не носење сигурносен појас, како и 15 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Затекнати биле 74 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак”, отстранети биле 58 возила.