– Албанија набрзо ќе усвои закон со кој се предвидува изградба на приватни затвори.
Текстот на Предлог-законот веќе го усвои Владата на премиерот Еди Рама, а набрзо се очекува да биде на дневен ред на албанскиот законодавен дом.
Со новиот закон се уредува третирањето на затворениците кои се осудени на затворска казна и оние на кои им е изречена мерка притвор, а во исто време со него се предвидува изградба на приватни затвори.
Во членот 15 од новиот Предлог – закон стои дека институциите за извршување на кривични решенија се јавни и приватни и оти Владата ги поставува правилата за работа, администрирање, склучување договори, како и правилата кои ги утврдуваат безбедносните елементи во приватните институции за извршување на кривични решенија.
Член 16 пак предвидува сместување во приватни институции за извршување на кривични решенија на лица на кои им е изречена казна затвор во траење до пет години.
Во овие институции право за сместување нема да имаат осудените лица кои со судска одлука се сместени во институции со висок степен на безбедност.
Изградба на приватни затвори албанската влада најавува од поодамна.