Властите во Токио предлагаат маратонот на Олимпијадата 2020 да се трча ноќе

Властите во Токио предложија решение во кое маратонските и трките во брзо одење за време на Олимписките игри во 2020 година да се трчаат ноќно време. Предлогот доаѓа по размислувањето на МОК овие трки да ги премести во Сапоро поради летните горештини во Токио.

Сапоро се наоѓа во северниот дел од Јапонија и температурите на воздухот се пониски од оние во Токио за 5-6 степени.

Работната група на МОК дошла до заклучок дека за време на натпреварот во маратон и брзо одење, ефектот на топлина врз телото на спортистите ќе биде најкритичен.

Треба да знаете
Последни објави