ВМРО-ДПМНE: Ниту СДСМ води на анкети, ниту Заев ќе победи на предвремените избори

Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНE

„СДСМ и Зоран Заев донесоа неправдa, прогон, лаги и измами, сиромаштија и иселување на македонскиот народ од оваа сурова реалност. Државата ја однесоа во ќорсокак, без надеж за подобра иднина.  Посветени се само на крадење, рекет и политички реваншизам.

СДСМ го урна политичкиот, правниот и економскиот систем на Македонија. Приведуваат и испрашуваат новинари кои говорат за криминалите на СДСМ и Зоран Заев. Рекетираат преку СЈО, Рускоска обвинува, Кацарска суди, а Јовевски ги штити. Нивните фамилијарни приватни бизниси растат и се развиваат,  но не растат инвестициите, а нови работни места нема. Во оваа држава нема повеќе ниту мир, ниту правда.

Пропаста на Македонија под палката на Заев и СДСМ ја видоа и во Европа. Недобивањето на датум е крајот на кривиот пат на Заев. Европските интеграции не мрднаа од мртва точка овие три години и покрај тоа што Заев ги продаде националните интереси. Никој од политичките субјекти во европските земји не постигнал успех со тоа што го жртвувал својот народ и својата земја. Никој од нив не коленичи за привилегии и фотелји. Никој од нив не опустошил градови и села и не  го ограбил сопствениот народ како што тоа го направија СДСМ и Зоран Заев.

Ниту СДСМ води на анкети, ниту Заев ќе победи на предвремените парламентарни избори. Веќе е доцна. Народот ја виде вистината. СДСМ се свесни дека ги очекува пораз до невидени размери досега.

Зоран Заев ќе го добие ударот директно од народот и ќе заврши со неговата тоталитаристичка политичка кариера.

ВМРО-ДПМНЕ знае, умее, и може повторно да ја обнови Македонија и да ја стави на брза патека за влез во Европската Унија.“

 

 

  Со почит,

Треба да знаете
Последни објави