Неколку лица се повредени во експлозија на бомба скриена во еден автомобил во градот кој турските сојузници го презедоа од курдските борци, јавија сириските државни медиуми.
Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија соопшти дека во денешната експлозија во градот Тел Абијад се повредени најмалку четири лица.
За овој бомбашки напад никој не презеде одговорност.
Сириските курдски борци оваа недела завршија со повлекување од дел од територијата по должината на турско-сириската граница, каде Анкара започна со својата инвазија во Сирија овој месец, помеѓу градовите Рас ал-Аџин и Тел Абијад.