Одлуката да се блокираат преговорите со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка, објави денеска пратеничката група Европската народна партија (ЕПП) во Европскиор Парламент.
-Одлуката да се блокираат преговорите со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка. Ја истакнуваме улогата и одговорноста што ја има Емануел Макрон во врска со одбивањето и негативните последици од тоа врз кредибилитетот на ЕУ, се нагласува во твитот на пратеничката група на ЕПП.