Екипата на Бруклин загуби од Минесота со 127:126 по продолжение во првиот дуел за двата од новата НБА сезона. Ниту 50 поени постигнати од страна на Кајри Ирвинг не беа доволни Бруклин да го избегне поразот. Одличниот кошаркар на крајот од натпреварот беше и трагичар, бидејќи гонимаше и последниот шут за победа, но не погоди.
Со ова издание Ирвинг стигна до дури четири рекорди. Кога стигна до 32 поени тој стана најефикасниот дебитант во дрес на Нетс. Кога стигна до 48 поени тој стана најефикасниот дебитант за било кој тим во НБА-лигата. Воедно стана шестиот играч во историјата на Нетс што постигнал 50 поени на еден натпревар и воедно влезе во историјата како еден од шесторицата кошаркари кои ја почнале сезоната со 50 или повеќе поени, меѓу кои се Вилт Чемберлен, Мајкл Џорда, Елџин Бејлор и Ентони Дејвис.
https://youtu.be/nYWIdDyFnLA
Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта меѓу среда и четврток:
Шарлот – Чикаго 126:125
Индијана – Детроит 110:119
Орландо – Кливленд 94:85
Бруклин – Минесота 126:127 (по продолжение)
Мајами – Мемфис 120:101
Филаделфија – Бостон 107:93
Далас – Вашингтон 108:100
Сан Антонио – Њујорк 120:111
Јута – Оклахома 100:95
Феникс – Сакраменто 124:95
Портланд – Денвер 100:108.