Би-би-си објави дека сите 39 починати пронајдени вчера во камион во Есекс, Англија, се од кинеска националност. Оваа информација доаѓа откако белгиските власти објавија детали за трасата по која камионот патувал до Англија. Од Белгија исто така соопштија дека е нејасно кога жртвите влегле во приколката-ладилник и дали тоа се случило во оваа држава.
Истрагата продолжува, а полицијата и натаму го испрашува возачот на камионот, Мо Робинсон.
Националната агенција против криминал соопшти дека се обидува да ги идентификува организираните криминални групи кои би можеле да бидат поврзани со случајот.
Тие исто така додадваат дека се користат се поопасни методи за криумчарење на луѓе. Споменуваат дека една од нив е токму транспортот во приколки-ладилници, односно дека луѓето се шверцуваат во ладилници каде температурата е длабоко под нула.