Спасовски: Работевме за да ги оствариме стратешките интереси на државата, и успеавме, ние сме 30 та земја членка на НАТО

Наместо да водиме политика од ден за ден решивме да направиме крупни чекори, мислиме на државата и граѓаните, решивме да одиме по потешкиот пат ама по вистинскиот.  Токму заради тоа се посветивме да ги решиме проблемите и децениските спорови. И успеавме.  Едно од клучните наши стратешки цели, членството во НАТО е обезбедено, рече потпретседателот Оливер Спасовски, на денешната трибина во Крива Паланка под мотото „На прав пат”
-Безбедноста и стабилноста се основа за развојот. НАТО значи сигурност и безбедност но и инвестиции, повеќе пари и нови, добро платени работни места, додаде Спасовски, потенцирајќи го значењето на членството во Алијансата и директните економски придобивки на граѓаните.

 

Треба да знаете
Последни објави