Воведниот натпревар од 12. коло во прволигашката фудбалска конкуренција во Македонија ќе го одиграат соседите Работнички и Вардар на „Градски“ в сабота ден пред редовниот термин, а правдата ќе ја дели Игор Стојчевски од Скопје. Работнички и Вардар покрај соседското ривалство допонително ќе бидат мотивирани за освојување на бодовите, бидејќи „романтичарите“ се на дното од табелата и несмеат да си дозволуваат повеќе киксови ако сакаат да ја напуштата опасната зона, додека „црвено-црните“ се на делба на лидерската позиција и за да останат таму мораат да жнеат бодови на сите дуели.
ДВОЈКИ И СУДИИ – 12. КОЛО (27.10.2019 – 13.30 часот)
Силекс – Струга ТЛ (Ндерим Тефику – Бојан Андевски, Мартин Петковски сите од Куманово)
Борец – А. Пандев (Александар Ставрев – Марјан Кировски, Дејан Костадинов, сите од Скопје)
Македонија ЃП – Шкендија (Марјан Маркоски од Охрид – Симон Грданоски, Разме Бакрачески од Струга))
Ренова – Шкупи (Александар Грујоски – Куштрим Лика, Зоран Јанкулоски сите од Кичево)
Работнички – Вардар (Игор Стојчевски – Даниел Василевски, Бранко Путилин, сите од Скопје)