Германскиот производител на автомобили Фолксваген денеска во Женева ќе го претставува новиот Голф 8, а само неколку часа пред официјалната промоција, на интернет „протекоа” слики од возилото.
Од нив, како и од досега познатите информации се знае дека Голф 8 ќе има слична високотехнолошка кабина како Туарегот, само надградена. Се спомнува и „почист дизел”, како и хибридни верзии на возилото, прилагодени по желба на купувачите.
Ќе биде претставено само возилото со пет врати, а промоцијата на хечбекот со три врати е одложена за понатаму.