Шеќеринска во „Само интервју“: Франција досега немаше никакви забелешки за реформите!

Франција на министрскиот состанок на ЕУ немаше никаква забелешка за реформите и тие не се причина за ставот на Макрон, вели вицепремирката Радмила Шеќеринска во гостувањето на ,,Само интервју”.

Шеќеринска, додева дека и тие како власт не се задоволни од состојбата во правосудството, но за 2,5 години повеќе не постигнала ниту една држава.

Еве дел од емисијата што премиерно ќе се емитува утре по вестите во 18.

Прашање: Франција, и не само Франција, и Холандија, и францускиот амабсадор во земјава со месеци предупредуваше дека не се задоволни од тоа колку се практикува владеењето на правото. Предупредуваа дека не е сјајна работата…

Одговор: Ако беше така, ако тоа беше причината, зошто тој став не го кажа ниту нивниот (н.з. Франција) претставник на министерскиот состанок, ниту пак нивниот Претседател!?

П: Можеби не беше главната причина, но можеби ќе добиевме некаков подобар заклучок?

О: Јас би сакала ова да е држава во која и судството и обвинителството функционираат перфектно. Но, јас не сум видела тоа да се менува во две ипол години. Не сум видела, еве демантирајте ме, покажете ми „во оваа држава за две ипол години се се смени и се профунционира како што треба“.  Бидејќи сум и оптимист и амбициозна,  сакам да си ги подигнеме очекувањата, не сакам да се задоволуваме со малку, ама драматична е разликата за само две години.  А при тоа, без интервенции во судство, без интервенции во обвинителство, од партиска страна.

 

Треба да знаете
Последни објави