На 23.10.2019 во 15.30 часот на булевар „Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки упраувано од Љ.К.(56) од Скопје и велосипед управуван од Д.Б.(61) од Скопје. Во незгодата Д.Б. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.